| четврток, 6 декември 2018 |

Многу емоции во прошталното писмо на Дани Алвеш

dani alves

Дани Алвеш одлучи да ја напушти Барселона, а од каталонскиот клуб се збогуваше со емотивно писмо.

– За еден месец ќе бидат точно осум години откако стигнав во Барселона. Во овој дрес постигнав најмногу успеси во својата кариера. Од првиот ден, од првиот тренинг под водство на Пеп Гвардиола, па се до последниот ден од оваа сезона имав среќа да уживам играјќи со голема страст.

Во мене остануваат стотици слики од Камп Ноу, од улиците на Барселона, и чувствувам голема чест и привилегија што можев да го носам дресот на најголемиот клуб на светот. Може да набројувам многу имиња, но Барселона е колектив и така ќе остане. Сите заедно победувам и сите заедно губиме.

Им благодарам на сите, но сега е време за нов предизвик. Во животот треба да знаете кога е крај, а ова е мој момент за да си одам. Заминувам, но ќе се вратам и ќе се враќам секогаш – напиша Алвеш.

Алвеш неодамна беше виден во Париз, но фаворит за негово доведување е италијанскиот шампион Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top