| четврток, 6 декември 2018 |

Кинезите влегуваат во Милан, проектот за враќање на старите патеки е неверојатен!

martinez i ibrahimovic 1

Екипата на Милан во наредниот период официјално ќе добие нови сопственици, со што се враќаат шампионските амбиции кај еден од најтрофејните еворпски клубови кој во изминатите години е во сенка на италијанскиот фудбал.

Кинезите во наредните две недели ќе откупат официјално 70 отсто од акциите на Милан и ќе почнат со реконструкција на тимот. Партнер за засилувањата ќе им биде Галијани, кој ќе ја има улогата на советник. Прв приоритет е да се донесе нов тренер, а желби се Унај Емери од Севилја како и Мануел Пелегрини кој е слободен.

Прва трансфер-желба, пак, е Златан Ибрахимовиќ кој исто така е слободен агент и под палката на Кинезите би добил 30 милиони евра за две сезони во дресот на „росонерите“. Во игра е и Џексон Мартинез кој замина во Гвангжу, но не се изнаигра. Тој би требало да биде замена за колумбискиот напаѓач Карлос Бака кој е посакуван од Вест Хем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top