Ансамблот на Мал драмски театар од Битола синоќа на сцената на Камерниот театар во Сараево ја изведе претставата „Столови“ на затворањето на натпреварувачката програма на Фестивалот „Јурисав Корениќ“ посветен на основачот на тој театар.
Режисер на претставата е Љупчо Георгиевски, додека улогите ги толкуваат Јоана Поповска и Анастас Поп Димитров. Станува збор за театар на апсурдот работен по текст на Ежен Јонеско, кој ја донесува трагичната фарса создадена како пример на метафизичкото во театарот. Темата која на сцената ја изнесуваат двајцата актери е смислата на животот прикажана преку говор, движење и игра, со емоции на двајца старци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Гостивар ќе добие театар: Владата донесе одлука за основање НУ „Гостиварски театар“
-
Мицкоски: Власта на шверцерски начин создаде манипулативно референдумско прашање