| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо уште еднаш докажа дека е голем човек, целата награда од ЛШ ја донираше во хуманитарни цели

Ronaldo-celeb-penalty-win-champ-2016

Кристијано Роналдо по вторпат во три години освојува Лига на шампини со Реал, па своето, и онака богато, конто го дополни со огромен финансиски износ од премии за победата.

Пред две години, фудбалерите на Реал за победата во финалето добија по 400.000 евра, а овој пат за освојувањето на европската титула добија по 600.000 евра.

Но, од сето тоа за Роналдо нема да остане ништо затоа што, како што пренесуваат шпанските медиуми, сите 600.000 евра ќе ги донири за хуманитарни цели.

Роналдо на својот агент Хорхе Мендес му наложил добро да испита на која организација помошта би ѝ била добредојдена за да им го исплати целиот износ, во висина од 600.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top