Наспроти тоа што американската актерка, Амбер Херд (30) раскажала дека во текот на бракот со актерот Џони Деп (53) била изложена на физичко и на вербално насилство и наспроти тоа што Деп преку судски пат доби забрана да и приоѓа на сегашната сопруга, актерката сепак нема да поднесе пријава против него.
Таа наводно изјавила дека „се уште го сака и не сака да му го уништи животот на актерот“, пренесува „Дејли мејл“.
Според пишувањето на американските медиуми, Амбер Херд на денот на наводниот напад ја повикала полицијата во домот кој го делела со Деп, меѓутоа полицијата тогаш го напуштила местото на случувањето без никаква пријава или причина за делување. Набргу потоа се појавиле фотографии од претепаната актерка, а Деп добил судска забрана да и приоѓа на сопругата.
Набргу потоа магазинот „Пипл“ објавил нови фотографии од претепаната Амбер Херд, со кои актерката сака да докаже дали сопругот физички ја злоставувал повеќе пати во нивниот 15-месечен брак.
Двојката нема заеднички деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од солзите ништо не гледав: Актерот проговори за депресијата, разводот, зависноста
-
Што се случува со убавецот од Холивуд: Џони Деп изгледа ужасно, фановите загрижени (галерија) (видео)
-
Му ја бришевме дрогата од лице, а немавме за ручек – телохранителите го тужат Џони Деп
-
Тој ја истепа, таа му зеде 7 милиони долари и еве што направи со парите