| четврток, 6 декември 2018 |

Маџиров на книжевно биенале во Јамајка

Никола Маџиров учествува на Меѓународното книжевно биенале во Јамајка, кое се одржува од 3 до 5 јуни во Трежр Бич, на бреговите од Карипско Море. На фестивалот учествуваат романсиери и поети од Индија, САД, Сомалија, Велика Британија, Нигерија, Нов Зеланд и од други земји. Учесници на фестивалот биле и Салман Ружди, нобеловците Дерек Волкот и Воле Сојинка, Мајкл Ондатје, Били Колинс, пулицеровецот Пол Малдун, како и сопругата на Боб Марли, Рита Марли. Маџиров во Јамајка пристигна од Белград, каде што со читање на македонски и српски јазик го отвори десеттиот меѓународен фестивал „Треќи трг“, годинава посветен на Васко Попа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top