| четврток, 6 декември 2018 |

Поезија од Никола Маџиров во Антологијата „Центри на катаклизма“ во Британија

Никола Маџиров е застапен во антологијата на светската современа поезија „Центри на катаклизмата” уредена од најстарото британско списание за преводна поезија „Модерн поетри ин транслејшн”, основано 1965 година од венцоносецот на Струшките вечери на поезијата, Тед Хјуз. Издавач на антологијата е британската издавачка куќа „Бладекс”, а освен поезија вклучени се и писма и записи од застапените поети. Повод за објавувањето на оваа антологија е 50-годишнината од објавувањето на првиот број на списанието „Модерн поетри ин транслајшн”, во кој биле вклучени песни од тогаш сѐ уште светски неафирмираните Јехуда Амихај, Чеслав Милош, Збигњев Херберт, Вознесенски, Васко Попа и др. Следуваат промоции на антологијата низ Европа на кои ќе учествува и Никола Маџиров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top