| четврток, 6 декември 2018 |

Маџиров го почна едногодишниот поетски престој во Берлин

Никола Маџиров го почна едногодишниот книжевен престој во Берлин како добитник на европското и светско „ДААД” признание од областа на литературата. Досега добитници биле Ингеборг Бахман, Збигњев Херберт, Сузан Сонтаг, нобеловците Марио Варгас Љоса и Имре Кертес, како и венцоносците на Струшките вечери на поезијата Генадиј Ајги, Одн, Ружевич, Сангвинети, Томаж Шаламун, Беи Дао и Маргарет Атвуд. Меѓународно жири од десетина членови-експерти за книжевноста и уметноста во глобални рамки, го избра Маџиров заедно со уште неколку автори од Тунис, Израел, Кенија како прв автор од Македонија од основањето во 1963 година. Ова признание се доделува и на филмски режисери и досега добитници биле Тарковски, Џим Џармуш и Бела Тар, како и композиторите Стравински, Џон Кејџ, Арво Перт, Горецки и Пендерецки. Маџиров во Берлин ќе ја заврши новата поетска книга и ќе биде гостин на повеќе книжевни настани во Германија и Европа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top