Вечерва во Штип се одржа првата полуфинална вечер на „Макфест 2016“. На сцената на 31. издание на македонскиот фестивал на забавна музика во придружба на ревискиот оркестар на МРТВ настапија 15 изведувачи од земјата и од странство.
Избрани се и првите 10 финалисти, кои ќе настапат и во сабота вечер.
Според новиот систем на гласање и самите пејачи гласаа за нивните колеги, поточно за тројца од нив за кои сметаат дека имале најдобра песна. На нив се додаваа гласовите од телеволтингот и жирито. Кога ќе се соберат сите ќе се добие единствена бројка, која ќе биде претворена во евровизискиот систем на гласање.
Ова се првите финалисти на „Макфест 2016“:
- Лена Заткоска – „Да сум твоја“
- Зоран Рудан-Цеки – „Душа балканска“
- Стефан Давидовски – „Што ќе ми е друга“
- Александра Јанева – „За сто години“
- Викторија Лоба – „Ти знаеш најдобро“
- Мартинијан Кириловски – „Смрзната во прегратка“
- Александра Михова – „Да ми помине баш се“
- Горан Наумовски – „Кога беше крај мене“
- Џокси – „Тројца“
- Мариа Масле – „Балкатон“
Второто полуфинале е утревечер, каде 15 изведувачи ќе се борат за останатите 10 места во финале.
Финалистите ќе се натпреваруваат за трите главни награди. Најдобрата песна на фестивалот ќе биде наградена со 10.000 евра, за втората награда се предвидени 7.500 евра, а третонаградената песна ќе добие 5.000 евра.
Покрај главните награди, ќе бидат доделени и наградата за најдобар аранжман, сценски настап, чија вредност изнесува 1.000 евра.
Фестивалот е во организација на локалната самоуправа, а финансиски е поддржан од Министерството за култура и од Општина Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.