| четврток, 6 декември 2018 |

Кобна прва ноќ – на младоженецот му преседнало, ја оставил сопругата штом влегле во собата!

razvod

Медениот месец не траел долго за една невеста од Саудиска Арабија, чијашто маж решил да го заврши бракот само неколку минути по венчавката.

Како причина, младоженецот, односно нејзиниот маж, го навел фактот дека неговата жена не сакала да го остави телефонот.

Роднините велат дека младенците отишле во собата која ја резервирале, но дека жената го игнорирала мажот, додека тој се обидувал да разговара со неа. Таа накратко престанала да гледа во телефонот, но сè што му рекла е дека моментно одговара на СМС честитките на пријателите.

 

Капката што ја прелеала чашата е кога млаоженецот наводно побарал од невестата да го остави телефоот, а таа одбила. На прашањето дали пријателите се поважни од него таа одговорила потврдно.

По караницата, младоженецот рекол дека сака развод и си заминал. Навистина се развел, а младоженецот го одбил секој контакт со сега веќе поранешната жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top