| четврток, 6 декември 2018 |

Белград распиша потерница: Ако влезе во Србија, Тачи ќе биде уапсен

Обвинителот за воени злосторства во Србија, Милан Петровиќ вели дека ако претседателот на Косово, Хашим Тачи, влезе во неговата земја, сигурно ќе биде уапсен затоа што судот во Белград распиша потерница за него.

auto_auto_Hashim_Thaqi_-555-1399030932114307343841443643170

Иако Министерството за правда достави налог за апсење до Интерпол, меѓународната организација, според резолуцијата на нејзиното Генерално собрание, може во одредени околности да го запре налогот за апсење.

Овде тоа и се случи, откако Косово, кое многу членки на Интерпол го признаа, го изрази протестот за својот државјанин.

– Во случајот Тачи нема „црвен налог за апсење“ со кој би можел да биде уапсен во која било земја, па поради тоа секоја држава се однесува според сопствена проценка – вели тој.
Петровиќ објаснува дека Тачи може да биде уапсен и во некоја друга земја освен во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top