Одбојкарското и ракометното игралиште на песок на градската плажа „Парк“ од денеска ќе бидат отворени за користење од граѓаните, информира Град Скопје.
Сите заинтересирани граѓани, рекреативци, ученици, студенти, спортски клубови и здруженија на граѓани можат бесплатно да спортуваат и да рекреираат на ова игралиште на песок.
Спортските терени на градска плажа „Парк“ ќе бидат отворени за спорт и рекреација секој ден во термините од 10 до 24 часот, а закажувањето може да се врши секој ден на самите игралишта или на телефонскиот број 071/ 267- 265.
Терминот за бесплатно користење е со времетраење од еден час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.