| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо зел од училиште погрешен внук

dedo

Еден возрасен маж во американската сојузна држава Јужна Каролина се извинил откако од основно училиште место својот внук дома довел погрешно дете.

Американските медиуми пишуваат дека Јозеф Фалер дошол во основното училиште во Јужна Каролина и му пришол на едно момче, верувајќи дека тоа е неговиот внук.

Дедото го прегрнал момчето и го прашал дали е подготвен да тргне дома, на што момчето одговорило потврдно и дури на својот учител му потврдило дека тоа е неговиот дедo.

Фалер грешката ја забележал дури кога пристигнал дома со погрешното дете, кое го вратил во училиштето и се извинил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top