| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен братот на еден од лидерите на Земунскиот клан

Никола Бојовиќ, брат на Лука Бојовиќ, еден од лидерите на Земунскиот клан, е пронајден мртов утрово во центарот на Белград.
– Мажот имаше прострелни рани во главата, градниот кош, стомакот и во подлактицата. Го најдовме во несвест и едвај можеше да дише – изјавила д-р Макура и додала дека убиениот Бојовиќ бил пренесен на Одделот за реанимација.
pukanje1

На местото на убиството биле сите надлежни полициски екипи кои се обидуваат да го расветлат случајот. Потсетуваме, во февруари минатата година во голема полициска акција во Шпанија бил уапсен Лука Бојовиќ, кој од Србија избегал во 2010 година откако биле уапсени Среќко Калиниќ и Милош Симовиќ.

pukanje belgrad1

Лука Бојовиќ бил означен како лидер на Земунски клан, криминална група на чие чело застанал во 2003 година, по убиството на премиерот Зоран Џинџиќ и полициската акција „Сабја“, во која биле убиени претходните шефови на оваа група, Душан Спасојевиќ и Миле Луковиќ.

Неколку месеци подоцна била уапсена и неговата сопруга Барбара под сомнение дека е дел од криминалната банда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top