| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: Во општина Кривогаштани во моментов се инвестираат околу 80 милиони денари (видео)

pat-krivogastani4-640x360

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со градоначалникот на општина Кривогаштани и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта изврши увид на дел од капиталните проекти што ги реализира Владата во соработка со oпштината.

pat-krivogastani3-640x360

Мисајловски истакна дека во општина Кривогаштани во моментов се инвестираат околу 80 милиони денари.

Во тек е реконструкција на регионалниот пат од Кривогаштани до Воѓани кој е во должина од 9,5 километри.

pat-krivogastani2-640x360

-Ќе инвестираме 1,1 милион евра за негова реконстукција, досега асфалтирани се околу 4,5 километри или завршени се околу 40% од градежните работи.  Исто така сакам да најавам дека од следната недела ќе започнеме со изградба на дел од канализационата мрежа за населеното место Крушеани, инвестиција вредна 128 илјади евра. Со проектот е предвидено да се изгради пумпна станица и цевковод во должина од 250 метри. Овој проект го реализираме преку Министерството за транспорт и врски во соработка со општината, потенцираше министерот.

pat-krivogastani1-640x360

Градоначалникот на Кривогаштани посочи дека ова е еден од клучните регионални патни правци, а со неговата целосна изградба дополнително ќе се развие регионот.

pat-krivogastani-640x360

Директорот Александар Стојанов изјави дека патот ќе се заврши и пред предвиденото време и потенцираше дека во овој период се работи на повеќе од 10 регионални патни правци, како и на изградба на новите автопатишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top