| четврток, 6 декември 2018 |

Филџан со кафе од Аушвиц криел тајна стара 70 години (видео)

fildzan

Работниците во Музејот во Аушвиц откриле дека филџанот што нацистите му го одзеле на некој затвореник крие тајна стара повеќе од 70 години. Имено, тие пронашле златен прстен и синџирче, кои биле внимателно завиткани во платно и вметнати во лажното дно на филџанот. Тоа бил последниот имот на некој кој бил одведен во Аушвиц, еден од најголемите концентрациони логори во Втората светска војна. Анализите откриле дека златниот прстен е направен во Полска, меѓу 1921 и 1931 година.

„Криењето вредни предмети покажува дека жртвите знаеле дека грабежите се дел од депортацијата, но и дека еврејските семејства секојаш имале ронка надеж дека ваквите предмети им се потребни за да преживеат“, вели Пјотр Цивински, директор на музјеот.

Нацистите ги лажеле луѓето што ги воделе во логор дека само ги преселуваат и ги охрабрувале да спакуваат торба со највредните предмети чисто за да можат да им ја одземат, додава Цивински.

Тајнатиот филџан бил откриен додека вработените во музејот ја осигурувале колекцијата од 10.000 кујнски предмети. Од музејот велат дека често не можат да идентификуваат кој бил сопственик на скапоцените предмети.

Во Аушвиц се убиени приближно 1,1 милион луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top