| четврток, 6 декември 2018 |

Tри премиери оваа недела во „Синеплекс“

Режисерот Дејв Грин, најголемиот фан на нинџа желките уште од неговото детство, ни го донесе продолжението на акцијата „Нинџа желки: Излегување од сенка“ за чија најава имаше 2 дена по премиерата на првиот дел. Во главните улоги ќе ги видиме: Меган Фокс, Вил Арнет, Стивен Амиел, Тајлер Пери и моделот Алесандра Амбросио.

Кога супер негативецот Шредер ќе побегне од затвор, тој ќе ги здружи силите со лудиот научник Багстер Стокман (Тајлер Пери) и неговите двајца глупави асистенти: Бибоп (Гери Ентони Вилијамс) и Рокстеди за да го извршат нивниот план за превземање на власта над целиот свет. Додека желките се подготвуваат да го поразат Шредер и неговата нова екипа, ќе се соочат со уште поголемо зло кое има слични намери: озогласениот Кранг (Бред Герет).

Игра на пари
По четврти пат, Џорџ Клуни и Џулија Робертс се појавуваат заедно во филм. Во новиот трилер „Игра на пари“ во режија на Џуди Фостер, тие се финансиски ТВ водители на емисија која ја гледаат милиони гледачи во живо. Ли Гејтс и неговата продуцентка Пати, се поставени во експлозивна ситуација кога гневен инвеститор (Џек О’Конел), кој изгубил сѐ насилно го превзема студиото.

Планот на Меги
„Планот на Меги“ е приказна за Меги и нејзиниот план да биде самохрана мајка, кој нема да успее од оној миг кога ќе се заљуби во Џон, оженет човек кој поради неа го напушта нестабилниот брак со брилијантната Гегорет. Една ќерка и три години подоцна, Меги се наоѓа во дилема дали ги разделила сродните души. Овој филм претставува романтична комедија напишана и режирана од страна на американската глумица, режисерка и сценаристка Ребека Милер. Во филмот играат Грета Гервиг, Џулијан Мур, Итан Хок и Били Хејдер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top