Француските истражители денеска потврдија дека е пронајдена „црната кутија“ од авинот „Иџипт ер“, што минатиот месец се урна во Средоземно Море со 66 патници и членови на екипажот, јавија француските медиуми.
Египетските официјални лица претходно соопштија дека француски брод уловил сигнали од длабочините на Медитеранот, за кои претпоставуваа дека доаѓаат од една од „црните кутии“.
Египетскиот истражен комитет наведе дека потрагата по „црната кутија“ е интензивирана и се очекува до крајот на неделата уште еден брод да се приклучи во потрагата, јавија агенциите.
Потрагата по остатоците од авионот, што се урна на 19 мај, е намалена на област од пет километри во морето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.