| четврток, 6 декември 2018 |

Први фотографии од урнатиот авион: Потврдено дека избил пожар неколку минути пред трагедијата

Објавени се првите фотографии од остатоците на авионот на „Иџипт ер“, кој во средата навечер се урна во Средоземното море. Инспекторите потврдиле дека во авионот избил пожар на неколку места, само неколку минути пред леталото да се урне. Египетските медиуми јавуваат дека била пронајдена и црната кутија.

Авиони и бродови од Египет и уште пет земји денес продолжиле да го пребаруваат поширокото подрачје од Средоземното море за да пронајдат остатоци од авионот на компанијата „Иџипт ер“, кој се урнал со 66 патници и членови на екипажот.

Како што е наведено, делови од авионот биле пронајдени на 290 километри северно од медитеранскиот град Александрија.

Експертите во морето пронашле делови од авионот, гардероба, жолти појаси за спасување…

5d00989eca116c4c03bc7e0c22420d7a

Египетските медиуми јавуваат дека е пронајдена и црната кутија во близина на местото на падот на авионот. Црната кутија би можела да одговори на сите прашања околу тоа што се случувало во авионот пред кобниот пад.

Француската агенција за безбедност во воздушниот сообраќај соопштила денес дека на неколку места во кабината на авионот на египетската авион компанија, бил детектиран чад неколку минути пред леталото да се урне, а причината за падот сè уште не е позната.

7c4ab1719fda19c5df447261fe3f8186

Тоа го потврдил и авијатичкиот експерт Тим ван Беверан за „Дојче веле“ велејќи дека во авионот избил пожар. Системот, оценил тој, пратил многу јасна порака.

8e21f187e4586b8f0d143e8732564c53

– Детектиран бил чад во тоалетот. Една минута подоцна, детектиран бил чад и во одделот за електроника. Две минути подоцна, сите единици за контрола на летот откажале – објаснил тој.

Се истакнува дека системот во 02:26 часот по локално време покажал дека во тоалетот на „A320″ имало чад. Една минута подоцна се огласил алармот. Последната порака на „ACARS” системот била во 02:29, а авионот исчезнал од радарот во 02:33 часот.

ca07227a102b574d75a71b3fafdbf26a

Филип Баум, уредник на списание кое се занимава со безбедноста на авионите, за „Би-Би-Си“ рекол дека техничка грешка не може да се отпише како причина за несреќата.

– Имаше податоци за чад во тоалетот на авионот, и за три минути системите во авионот се исклучиле, така што, тоа укажува дека веројатно не станува збор за киднапирање, дека немало борба во кокпитот, туку дека нешто се запалило во авионот – наведува Баун.

cf69827695100d6d16be5d6fb559ce39

Како што вели, дали имало пожар, дали нешто прегорело, или експлодирала бомба, не се знае.

Еден американски службеник, меѓутоа, го окарактеризирал извештајот како непотврдена гласина, наведува британскиот медиум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top