По одличниот настап и многуте пофалби за хуманитарниот концерт „Страдања Господови“, исполнет со византиска и духовна музика, нашиот пејач Димитар Андоновски повторно се враќа на својата музика.
Овој пат, енергичната рок песна „Свој на своето“ сега добива освежување во акустична верзија, богата со многу инструменти.
Песната со текст на Марко Маринковиќ Слаткар, е дело на Лазар Цветковки, во чие студио и се снимаше новата и летна варијанта.
„Свој на своето“ доби и специјален видео запис за новата unplugged верзија. Спотот е уште еден продукт на мајсторијата на режисерот Владимир Дади Ивановски, а се снимаше во студиото „Мечкаров“.
Ова е втора преработка на ексклузивецот на Горила. Димитар веќе направи нова верзија на неговата позната песна „Ова небо знае се“, чија преработка стана исто толку слушана како и оригиналот.
Со песната „Свој на своето“ и видео спотот за неа, Димитар го најавува своето поактивно присуство на сцената и подготовките за бурно и активно музичко лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)