| четврток, 6 декември 2018 |

Принудна измена на Дешамп во составот, во „5 до 12“ Диара испадна поради повреда

lasana diara

Дидие Дешамп вчера попладне го објави списокот од 23 фудбалери на чии услуги ќе смета за ЕВРО 2016, но францускиот селектор беше принуден да направи замена, и тоа во „пет до дванаесет“, пред самиот истек на рокот даден од УЕФА.

Имено, Ласана Дијара се повреди на последниот тренинг на „триколорите“, а лекаските прегледи покажаа дека станува збор за проблем со левото колено, поради што паузата ќе изнесува најмалку три седмици.

Дешамп веднаш реагираше и го тргна Дијара од својот список, на негово место дополнително повикувајќи го Морган Шнидерлин од Манчестер јунајтед.

Повредата на одличниот играч за врска е третиот проблем со кој се соочи францускиот селектор во изминатите петнаесетина дена, откако Дешамп претходно остана без помошта на дефанзивците Рафаел Варан од Реал Мадрид и Жереми Матие од Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top