| четврток, 6 декември 2018 |

Балканофилскиот подвиг на Плевнеш во париската „Телерама“

Денеска во Париз на први јуни, во престижниот „Палас“ почнува шестото издание на филмскиот фестивал на Југоисточна Европа „SEE a Paris 2016“. Оваа недела, еден од најтиражните неделници во Франција „Телерама“, објавува портрет на оснивачот на фестивалот, македонскиот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш. Во портеретот, покрај неговата импресивна уметничка дејност на различни меридијани, акцентот е ставен на неговиот балканофилски подвиг, кој започна пред шест години во Париз, продолжи пред две години во Берлин, а од оваа година ќе се одржува во еден од најубавите кинески градови, Нингбо, во близинна на Шангај.
bb5c6ccb-53ea-4a66-8441-fb0e73325cc2
Фестивалот на Југоисточна Европа станува платформа на вреднување на најзначајните настани во современите кинематографии и на вреднување на големите опуси на филмските класици на Југоисточна Европа. Оваа година специјални гости на фестивалиот ќе бидат Вељко Булајиќ, на кого му се доделува наградата „SEE Film Legend 2016“, Желимир Жилник, кој ќе одржи интернационална работилница и актерот Бане Поповиќ, кој што по Мики Манојловиќ, Мето Јовановски, Емир Хаџихафисбеговиќ  и Раде Шербеџија, е прогласен за „SEE Actor 2016“.
Во овогодишното издание, кое свечено ќе биде отворено со изложбата на познатиот македонски сликар Владимир Геогиевски „Балканскиот Дон Кихот во Европа“, ќе бидат прикажани голем број играни, документарни и кратки филмови.
Претседател на интернационалното жири што ќе ги оценува филмовите е познатиот француски режисер Ив Буасе, а за време на цермонијата на објавување на наградите, на пети јуни, на кралицата на ромската музика Есма Реџепова, ќе и биде врачено признанието „SEE Music Legend 2016“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top