Изложба и промоција на мапа „Балканскиот Дон Кихот во Европа“ од академскиот сликар Владимир Георгиевски ќе биде поставена денеска во театарот „La Palace“ во Париз, на отворањето на филмскиот фестивал на Југоисточна Европа „SEE A Paris“.
Изложбата и промоцијата е во рамки на македонското одбележување на 400-годишнината од смртта на шпанскиот писател и великан на светската книжевност Мигуeл де Сервантес (1616-2016).
Изложбата и мапата се организирани од Асоцијацијата за култура ИКОН, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
– Не сакам да ја илустрирам бесмртната книга на Мигуел Сервантес; Настојувам да го нацртам нејзиното ехо во мене. Така сакам и да го одбележам значајниот јубилеј: 400 години од смртта на Сервантес, напиша меѓу другото, Георгиевски по повод ова претствување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.