| четврток, 6 декември 2018 |

Судски совет: Ќе одговара секој што придонел за одложување на рочиштето за Дивo Насеље

divo naselje 15 (Custom)По синоќешното одлагање на рочиштето за случајот „Диво Насеље“ со соопштение се јави Судскиот совет на Република Македонија во кое се најавува дека ќе биде побарана одговорност од секој за кој ќе се утврди дека придонел во одложувањето на закажаното рочиште.

Во продолжение го пренесуваме целото соопштение на Судскиот совет:

Судскиот совет на Република Македонија, во рамките на своите законски надлежности, го следи текот на судскиот процес во Основниот суд Скопје 1 Скопје наречен „ Диво Насеље“.

Во согласност со својата законска надлежност да се грижи за угледот на судиите и да ја засилува довербата на граѓаните кон судството, ССРМ ќе ги собере сите потребни информации преку усна и писмена комуникација со претседателите на Врховен суд на РМ, Апелационен суд Скопје, Основен суд Скопје 1 Скопје и Основен суд Скопје 2 Скопје, како и со и други лица ако е тоа потребно, со цел да ги утврди вистинските причини заради кои е одложено денешното судско рочиште.

Досега знаеме дека иако за предметот била обезбедена сала и оперативен план за физичко обезбедување, имало недоразбирање кај припадниците на судската полиција од Врховен суд и ОС Скопје 1 Скопје. Сепак веруваме дека утре ќе ги имаме сите потребни информации за соодветно да се произнесеме.

Потсетуваме дека доколку било кое лице вработено во овие судови постапило спротивно на законските обврски, спротивно на препораките од оперативниот план за физичко обезбедување на судскиот процес или на кој било друг начин неосновано придонело за одлагањето на денешното рочиште ќе мора за тоа соодветно да одговара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top