| четврток, 6 декември 2018 |

Нова трагедија ја потресе кумановската „Дива населба“, згаснаа три млади животи

Тројца од четирите загинати момчиња во минатонеделната сообраќајка во Куманово живеат во исто маало. Во кумановската Дива населба настапи уште еден шок и разочарување. Еден месец по крвавите судири, кои зедоа голем број жртви, а уште повеќе семејства останаа со разурнати домови – стигна веста дека три момчиња од нивното соседство настрадаа во сообраќајка што се случи на излезот од градот. Четвртото момче што загина во стравотната несреќа е од липковското село Ваксинце. Другарите од детството заминаа заедно од овој свет, пишува Утрински весник.

divo-735x400_thumb_medium500_272

„Ова не’ дотепа, зарем малку беше тоа што го преживеавме?“, прашуваат на почетокот од населбата.

Исуф Асани (18), Ваљон Максути (17) и Зијадин Исуфи (18) живееле над џамијата, неколку улици од местата каде што се биеја жестоките судири. Соседите не можат да се помират дека ги нема повеќе.

„Беа мили деца, се дружеа уште од мали, си играа надвор, а другарството им продолжи и кога заедно се запишаа во гимназијата ‘Сами Фрашери‘“, раскажуваат жителите на улицата „Васка Петковска“.

Со нив учел и Егзон Шабани (17) од Ваксинце, четвртото момче што загина во сообраќајката. На прашањето како се случила несреќата, екипата на Утрински добила одговр….

„Кој да знае што се случувало“

Од она што го знаат соседите е дека тој кобен 9 јуни, средношколците биле прва смена на училиште. По завршувањето на часовите седнале во автомобил да се повозат низ градот. Возеле во правец од липковскиот регион, односно населбата Бедиње кон центарот на градот. Изгубиле контрола врз возилото, паднале од мостот и се забиле во цистерна на автопатот Куманово – Табановце.

Кој возел е уште прашање на кое нема одговор. Од полицијата велат дека тоа не може да се дознае бидејќи ниту едно од момчињата на преживеало. Автомобилот „БМВ“ му припаѓало на едно од момчињата, поточно на неговиот татко, кој бил на печалба во Швајцарија. Возилото било „кабрио“, односно со отворен покрив, што влијаело дополнително врз тежината на повредите кои беа смртоносни.

„Едното од децата е единец, им се запусти куќата на родителите“, жалат пријателите и познајниците.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, трагичниот настан се случи минатиот вторник околу 16.40 часот на улицата „11 Октомври“. Автомобилот во кој биле четирите момчиња, штом се искачил на надвозникот, удрил во заштитната ограда и слетал на коловозната лента на автопатот Куманово – Табановце. Паѓајќи, удриле во оска од полуприколка од камион-цистерна, која преминала на левата страна, пробивајќи ги металните колобрани. Камионот се превртел и попречно застанал на коловозната лента.

Ваљон Максути и Егзон Шабани починаа на самото место, Исуф Асани почина кратко време потоа во кумановската болница, додека три дена во Ургентниот центар во Скопје траеше борбата за живот на Зијадин Исуфи, но и таа заврши без успех, пишува Утрински.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top