| четврток, 6 декември 2018 |

Ново судско рочиште за „Дива населба“

диво

Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да продолжи судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската „Дива населба“ во мај минатата година.

Обвинителството повика околу 40 заштитени сведоци. Досега сведочеа само неколкумина од нив, а претходно сведоци беа и неколку жители на „Дива населба“. Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. На 7 декември минатата година сите 29 обвинети лица за тероризам пред Советот од судии на Основниот суд Скопје 1 се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото „тероризам“. На 9 и 10 мај 2015 година во кумановската „Дива населба“ вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група. Поради судскиот процес утрово околу Судот и на околните сообраќајници има засилено полициско обезбедување, а околината ја надлетува и полициски хеликоптер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top