| четврток, 6 декември 2018 |

И Висенте Дел Боске со чуден избор за ЕП, без Иско и Саул ќе ја брани европската титула

del boske

И Висенте Дел Боске го скрати првичниот список и ги обелодени имињата на 23 фудбалери кои ќе се борат за одбрана на Европската круна. Во Франција ова лето нема да патуваат Иско и Саул Њигез. За Иско можеби и очекувано беше изоставањето со оглед на малата шанса што ја добиваше во Реал во тековната сезона додека Њигез добиваше солидна минутажа во редовите на „Јорганџиите“ со кои стигна и до финалето на Лигата на шампионите. На местото на Карвахал кој во финалето на ЛШ заработи повреда, Дел Боске го избра Ектор Бељерин кој ќе биде алтернатива за Хуанфран.

– Се обидов да избалансирам и мислам дека имаме добитна комбинација. Со никого не разговарав лично бидејќи секој сака да се најде на конечниот список. Можам да одберам само 23 играчи, а секој на овој список е со причина. Јас ќе ја преземам одговорноста за резултатите – порача Дел Боске.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top