| четврток, 6 декември 2018 |

Се гради хотел Хилтон во Аеродром

фото Фактор

Хотелот кој неодамна го навести бизнисменот Ајдован Адемовски ќе го носи брендот на Хилтон. Изградбата е веќе почната на локација во Аеродром, покрај кејот на Вардар, спроти универзитетот ФОН, пишува фактор.мк.

Инвеститори на хотелот се City Plazа и Stone Bridge, а градбата ќе ја врши PERA Constuction, македонско-турска фирма, во која што Адемоски е еден од партнерите.

Хотелот се очекува да биде со капацитет од 170 соби, ќе има 6 конференциски сали и спа центар од еден од најпознатите синџири на спа центри во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top