Истражувајќи го убиството на Јелена Марјановиќ (33) полицијата тргнала по ред да ги сослушува сите кои тие денови се нашле во близина на насипот во Црвенка, каде таа е пронајдена мртва.
Истрагата не го откри убиецот, но го разниша бракот на двајца. Имено во јавноста излезе исповедта на Милан Л. на кој тешко не му паднало што полицијата го испрашувала, зошто навечер се возел по Црвенка, но тешко му паднало објаснувањето на сопругата Рада, кога инспекторите го издале дека е виден навечер.
-Полицијата ми затропа на врата. Сопругата преплашено ме повика кога бев на работа, за да ми каже дека ме барале. Искрено и јас се исплашив. Од каде јас во таа приказна- раскажал Милан Л., кој навел дека пеколот тогаш започнал.
-Кога отидов во полиција и кога ме прашаа што сум правел во Црвенка неколку дена по убиството, ми олесна. Им објаснив дека ја возев колешката дома после ноќната смена. Полицајците беа коректни, но кај жена ми не успеав да се исперам. Ме обвини дека имам нешто со колешката. Лута е што не сум и кажал. Сега бара развод. Од полицајците не се исплашив, ама од жена ми да – се пожалил Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Душко годишно ќе заработува 5,8 милиони па ја честеше жената: Јелена Карлеуша купува авион од 2 милиони евра!