| четврток, 6 декември 2018 |

Розберг: Среќен сум во Мерцедес, не планирам да ја сменам средината

Formula One Grand Prix of Russia

Можеби техничките проблеми со болидот не му овозможија шанса за борба за петтата победа сезонава, но и покрај малиот пех Нико Розберг тврди дека е задоволен од соработката со тимот и не планира да прави промена на средината. Германецот одлучи да им стави крај на сите гласини дека од наредната сезона ќе го преземе местото на Раиконен во Ферари или дека ќе се рвати во матичниот Вилијамс.

– Ни на крај памет не ми е да размислувам за какви било промени. Не размислував за тоа ни пред Монако, а ни сега. Среќен сум во Мерцедес, тие се задоволни од моите резутлати и успеси и очекувам соработката да трае уште многу години – вели Розберг за својот сегашен тим.

Розберг влезе во кокпитот на „сребрените стрели“ во 2010 година, а првата победа од 18 вкупно ја освои две години подоцна. Во тековната сезона четири пати го подигна победничкиот трофеј и се наоѓа на првото место во генералниот пласман со 106 бодови, 24 повеќе од тимскиот колега Хамилтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top