Герет Бејл е прогласен за најдобар млад играч во Премиерлигата, но и за најдобар фудбалер сезонава во истата конкуренција, со што стана само третиот во историјата со двете највредни индивидуални признанија. Пред него само Кристијано Роналдо во 2007 година и Енди Греј 10 лета претходно ја освоиле двојната круна, во иста сезона.
Единствен сериозен конкурент на играчот на Тотенхем, за наградата најдобар фудбалер му беше ланскиот лауреат, Робин ван Перси. Холанѓанецот беше втор според бројот на гласови, а годинава блеска во дресот на Манчестер јунајтед со 25 гола. Зад нив заврши контроверзниот уругвајски напаѓач во дресот на Ливерпул, Луис Суарес, кој ја одработува казната од 10 натпревари поради гризењето за рака на Бранислав Ивановиќ.
Во конкуренција за најдобар млад играч, 23-годишниот Бејл ги победи Кристијан Бентеке, Дани Велбек, Џек Вилшер, Ромелу Лукаку и Еден Азар.
Премиерлигашите го одбраа и најдобриот тим на сезоната во формација 4-4-2, а доминира шампионот Манчестер јунајтед со 4 играчи.
Најдобрите 11 сезонава во Премиерлигата: Де Хеа (Манчестер јунајтед) – Забалета (Манчестер сити), Фертонген (Тотенхем), Фердинанд (Манчестер јунајтед), Бејнс (Евертон) – Мата (Челси), Бејл (Тотенхем), Карик (Манчестер јунајтед), Азар (Челси) – Ван Перси (Манчестер јунајтед), Суарес (Ливерпул).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“