| четврток, 6 декември 2018 |

Распад систем во Борусија Дортмунд, по Хумелс и Мхтаријан ги напушта „милионерите“

mihtarijan

По Матс Хумелс, и ерменскиот репрезентативец Хенрик Мхтаријан најверојатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд во летниот преоден рок.

Како што информира Билд, искусниот напаѓач одбил да го продолжи договорот со “милионерите”, а со оглед на тоа што идното лето станува слободен играч, клубот ќе мора да го продаде сега за да заработи на него. Тоа е голем шок за раководството на Борусија Дортмунд кое мора брзо да реагира за да најде соодветна замена.

Менаџер на Мхтаријан е познатиот Мино Рајола кој навести дека би можел да го однесе својот клиент во Премиер лигата од каде има неколку понуди. Интересно е тоа што Борусија летово може да остане и без Пјер Емерик Обамејанг, па во таков случај ќе мора да најде нов напаѓачки тандем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top