| четврток, 6 декември 2018 |

Платил казна со две кофи железни пари (видео)

Брет Сандерс ја пречкорил дозволената брзина за неполни 15 километри на еден пат во Тексас, а откако судот му ја отфрлил жалбата решил на оригинален начина да ја плати казната.

Сандерс однел 212 американски долари во облик на две кофи преполни со најситни железни пари.

-Ова за мене е облик на протест . Станува збор за тоа што е праведно. Никого не повредив ниту пак на некој му го загрозив животот“, изјавил Брет за Ен Би Си.

Иако многумина се сложија со него,  другите пак мислат дека протестот го пратил на погрешна адреса поради тоа што со овие безброј железни пари морале да се занимаваат службениците кои немаат никаква врска со целата приказна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top