| четврток, 6 декември 2018 |

Големиот Спанулис му донесе нова титула на Олимпијакос (видео)

spanulis

Олимпијакос стигна до нова титула во шампионатот на Грција, а најзаслужен за тоа повторно е Василис Спанулис. „Црвено-белите“ вторпат славеа на гостувањето против Панатинаикос, и повторно херој беше Спанулис со тројка постигната во самата завршница. Овојпат извонредниот плејмејкер против себе го имаше големиот ривал Дијамантидис, но погоди тројка преку него со која Олимпијакос стана првак, а Дијамантидис кој претходно најави дека оваа сезона му е последна во кариерата, замина во пензија.

Погледнете ја најновата мајсторија на Василис Спанулис, кој дефинитивно погодува тогаш кога е најпотребно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top