Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, заработи повреда за време на финалето од ЛШ против Атлетико, па костариканскиот ас сега нема да може да настапи на претстојното издание на Копа Америка.
„Кралевите“ веднаш по финалето објавија дека Навас се жали на повреда, а костариканскиот селектор побарал медицински тим на репрезентацијата да го прегледа голманот. Сепак, и тие утврдиле дека не станува збор за ништо наивно, туку за влошување на повредата на тетивата што го мачи Кејлор веќе подолго време, по што е донесена заедничка одлука дека ризикот е преголем, па Навас треба да го искористи летото за рехабилитација, а не за настап на уште едно големо натпреварување.
Шпанските медиуми јавуваат дека станува збор за хроничен проблем што го мачи Кејлор Навас веќе три години, па останува дилемата дали Костариканецот ќе може да биде максимално подготвен за да ги издржи напорите во следната натпреварувачка сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.