Актуелниот првак во НБА, екипата на Голден стејт, го комплетираше неверојатниот пресврт во „мајсторката“ во финалето на Западната конференција и успеа да се пласира во големото финале. Стефон Кари и другарите успеаја да се вратат од негатива од 1-3 во победи и со синоќешната победа од 96-88 над Оклахома успеа да слави со 4-3 во победи.
Кога беше најпотребно, најдобриот играч во последните две години Кари одигра феноменален натпревар и ја направи клучната разлика во третата четвртина откако најпрвин успеа да ја анулира предноста на Оклахома од полувремето и со 29-12 да стигне до солидна предност пред решавачкиот последен дел.
Стеф Кари го заврши натпреварот со 36 поени и постигна барем една тројка на 51. плејоф натпревар по ред. Најзаслужниот што воопшто дојде до оваа мајсторка Клеј Томспон заврши со 21 поен, а на Оклахома не ѝ помогнаа ниту 27. поени на Кевин Дурент.
Кошаркарите на Голден стејт немаат многу време за одмор бидејќи веќе в четврток навечер ја почнуваат финалната серија против Кливленд Кавалирс. Како и лани, повторно ја имаат предноста на домашниот терен, па и првиот меч го играат пред своите навивачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)