Охриѓани за време на претстојните Првомајски и Велигденски празници очекуваат добра посетеност и градот да се наполни. Метеоролозите предвидуваат убаво време за време на празниците. Најбројни ќе бидат домашните гости, како и туристите од земјите од опкружувањето, иако ќе има и гости од Србија, Албанија, Грција, Црна Гора и Турција.
Според информациите од хотелите, капацитетот им е пополнет 50 отсто, а слична е состојбата и со приватното сместување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.