| четврток, 6 декември 2018 |

ФХ3Х ги носи „Нинџа желки“, премиера в четврток

В четврток, 2 јуни, „Парамаунт пикчрс“ и „Никелодеон мувис“ го претставуваат вториот дел од „Нинџа желки“ (Teenage Mutant Ninja Turtles), продолжението на хитот од 2014 година, овој пат насловено „Излегување од сенка“ (Out of the Shadows). Филмот е во режија на Дејв Грин според сценариото на Џош Аплбаум и Андре Немек. Во главните улоги ќе ги видиме Меган Фокс, Стивен Амиел, Вил Арнет, Тајлер Пери и супермоделот Алесандра Амбросио.

ФХ3Х на овој проект работеа во соработка со најреномираното студио за визуелни ефекти во индустријата, „Индастријал лајт анд меџик“ нивни долгогодишни соработници, и тоа во периодот од јануари до крајот на април оваа година со тим од преку 120 уметници за визуелни ефекти. Филмот ветува добра забава, и е карактеризиран како најдобар филм со нинџа-желките од нивното прво појавување во 1990 година, забавен и за 30-годишните обожаватели, и за деца што уживаат во анимирани филмови и се идни обожаватели на овие симпатични мутанти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top