| четврток, 6 декември 2018 |

Во Франција се одржа воена вежба за спречување терористички напади за време на ЕП 2016

Масовна воена вежба за спречување терористички напади за време на Европското првенство во фудбал се одржа синоќа на стадионот „Парк олемпик“ во предградие на францускиот град Лион, соопштија управата на стадионот и раководството на безбедносните сили во департментот Рон.

Special forces after the seige in Toulouse came to an end

Според сценариото, пред натпреварот Укриана – Северна Ирска двајца напаѓачи се кренале во воздух на влезот на стадионот, при што загинале десет, а ранети се 80 лица. Гледачите се во паника, а обезбедувањето на стадионот, полицијата и жандармеријата преземаат мерки за нивно совладување.

Во вежбата учествуваат претставници на министерствата во сферата на безбедноста, а во таа смисла војници, медицински лица, противпожарни и спасувачки служби.

Весникот „Монд“ објави дека во вежбата учествувале неколку стотици лица, меѓу кои и службениците во локалната власт на Лион и околните градови, соработници на УЕФА, вработени во француските железници и на лионскиот аеродром.

ЕП 2016 се отвора на 10 јуни и ќе трае до 10 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top