| четврток, 6 декември 2018 |

Новите дресови на Барселона потсетуваат на оние од пред 25 години (видео)

barcelona dresovi

Актуелниот шпански првак денеска официјално ги претстави дресовите со кои ќе настапува идната сезона.

За разлика од овогодишните кои беа со хоризонтални линии, каталонскиот клуб се враќа на традицијата, но во исто време ќе му оддаде почит на легендарниот “дрим тим” од 1992 година кој ја освои првата титула во Лигата на шампионите. Тогаш Барселона носеше слични дресови, а сега се потсетува на нив на 25-годишнината од историското достигнување.

barcelona dresovi 1

Со оглед на тоа што се уште нема спонзор за идната сезона, а договорот со Катар ервејс истекува летово, првите дресови ќе се продаваат без спонзорско лого на предната страна.

Иако уште не е објавено, се претпоставува дека резервните дресови ќе бидат во портокалова боја, исто како во сезоната 1991/92.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top