Борислав Тноковски, еден од најпосакуваните ергени во Македонија и презентер на вестите на „Канал 5“ се ожени денеска. Тој лично на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ ја објави убавата вест и објави и фотографија. По сѐ судејќи сега била официјалната регистрација во матично, а за брзо време ќе биде и свадбата.

Избраничката на Тноковски е Наташа Ѓорѓиевска дипломиран психолог од Охрид. Тноковски неодамна во вестите на Канал 5 потврди дека во мај ќе „скокне во тавче“.
Им посакуваме многу среќа и многу дечиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


