| четврток, 6 декември 2018 |

Личниот лекар тврди: Тито умре две години порано

Личниот лекар на Јосип Броз Тито  д-р Миломир Станковиќ, кардиолог од Белград, во интервју за весникот „Дневник“ вели дека маршалот умрел две години порано, бидејќи наместо да му ја ампутираат ногата, му давале лекови. Своите сеќавања Станковиќ, ги запишал во книгата „Тито – помеѓу животот и смртта“, промовирана минатата недела, во која кажува дека во лекувањето имало фатални грешки.

lekar na tito

– Практично, загубени се клучни десетина дена во текот на кои наместо веднаш да се изврши ампутација, се реши да се продолжи со терапија со лекови за да се разбие затнувањето на главната артерија на левата нога. Таа терапија ја форсираше професор Миољуб Kичиќ, главен армиски интернист, кој го лекуваше Тито од дијабетес. Тој го убедуваше седумчлениот лекарски конзилиум дека ќе успее згрутчувањето да го разбие со лекови. Даваше с` посилни лекови, кои се носеа од странство, но влошувањето на состојбата на потколеницата покажа дека не успеа во тоа. Тогаш се виде дека мора нешто друго итно да се прави, но веќе беше доцна. Kога е затната артерија, мора итно да се реагира – се сеќава Станковиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top