| четврток, 6 декември 2018 |

Драматично финале, нов ракометен шампион на Европа е Кјелце (видео)

kielce-vesprem-final-2016

Ден после драматичното фудбалско, следуваше уште подраматично ракометно финале во Лига на Шампиони.

Полската екипа Виве Кјелце вечерва во финалето од фајналфорот во ЛШ го совладаа унгарскиот Веспрем по изведување на пенали, со вкупен резултат од 39-38 (29-29 во регуларниот дел, а 35-35 после продолженијата).

Екипата на Веспрем беше подобар противник во првото полувреме, кое го доби со 17-13.

Во вториот дел предноста на Веспрем стигна и до 24-16 и се чинеше дека е познат победникот на мечот.

Но, следуваше вистинска драма. Полскиот тим почна полека да ја топи предноста на противникот и во финишот дури и да стигне до продолженија.

А во продолженијата Кјелце беше на прагот на триумфот, но Угалде во последната секунда успеа да израмни на 35-35 и да го одведе натпреварот во пенал серија.

Прво поведе Веспрем, откако Кјелце не реализираа, но затоа после погодија четири пенали во низа, додека ракометарите на Веспрем два пати промашија, што на крај беше пресудно за конечните 39-38 и шампионската титула за Кјелце.

 

Во натпреварот за 3. место ПСЖ го победи Кил со 29-27.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top