| четврток, 6 декември 2018 |

Се отвора најдолгиот тунел во светот (фото+видео)

Во Швајцарија ќе биде отворен најдолгиот тунел на светот наречен Готар кој ќе минува низ срцето на швајцарските Алпи и ќе го поврзе централниот кантон Ури со југот на земјата.

17836315574aecf3c7a4d252564784_w640

Тунелот е долг 57 километри, чинел околу 12 милијарди швајцарски франци и го градеа 2.400 работници. Свечено ќе биде отворен в среда, на 1 јуни.

Сега патувањето со воз од Цирих до Миламо ќе трае само два часа и 40 минути.

Тунелот Готар ќе ги престигне јапонскиот тунел Сеикан, кој е долг 53,9 километри и досега беше најдолг тунел на светот.

1255974958574aecf641689730822356_w640

Освен швајцарските официјални лица, на отворањето ќе присустува и претседателот на Франција Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот на Италија Матео Ренци.

Тунелот ќе се употребува од декември годинава, пренесува АФП.

Идејата за изградба на овој тунел ја дал швајцарскиот инженер Карл Едуард Грунер во 1947 година. Тоа бил визионерски проект, за кој Грунер изјавил дека би можел да биде завршен до почетокот на 21 век.

1469314301574aecf7aaf71623759401_w640

За да биде изграден тунелот, биле ископани повеќе од 28 милиони тони карпи.

Изградбата почнала во 1999 година, но имало многу бирократски и финансиски проблеми.

Граѓаните на Швајцарија на референдум 1998 година ја изгласале изградбата на тунелот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top