| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирана интернет-страница за самовработување

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски и помошникот на постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Весна Џутеска Бишева денеска ја промовираа интернет страницата за Програмата за самовработување – www.samovrabotuvanje.mk,  со цел да се обезбеди целосен, транспарентен и подостапен начин за информирање на сите заинтересирани лица.

спиро ристовски

Ќе бидат опфатени речиси 10 илјади невработени, за што Владата за поддршка има издвоено над половина милион денари – изјави Ристовски.

Програмата за самовработување,  е една од најуспешните од 20-те различни годишни програми што се имплементираат и има реалено влијание врз стапката на невработеност.

Дел од тие програми или мерки, појасни Ристовски, претрпуваат извесни корекции заради резултатите што ги покажале односно за некои имало зголемен интерес и морало да се модифицираат соодветно на побарувачката. Но, имало и мерки кои се покажале нецелосно интересни за невработени.

– По седум години имплементација на оваа програма имаме над 4.900 новоформирани мали бизниси, 72 проценти ликвидни фирми. Интересот за програмата е се поголем така што во првиот циклус годинава се пријавија околу 2.000 кандидати и во тек се деловните обуки за околу 700 селектирани кандидати, рече  Ристовски.

Најголем интерес, информираше директорот на Агенцијата за вработување Поповски, во првите години било во полето на земјоделството, подоцна услуги, трговија, додека минатата година интересот бил најголем за производство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top