| четврток, 6 декември 2018 |

Медицинската сестра која се самоуби ги обвинила двајца водители за својата смрт

Во своерачно проштално писмо адресирано до администрацијата на болницата, таа напишала: „Ве молам, простете ми. Јас навистина многу жалам. Ви благодарам за поддршката. За ваквата постапка ги обвинувам водителите на австралиското радио Грејг и Кристијан. Ве молам, натерајте ги да ја отплатат мојата хипотека. Простете ми. Џакинта“

Медицинската сестра Џасинта Салдана која ја објави веста за бременоста на Кејт Мидлтон, во проштално писмо за својата смрт ги обвинила двајцата радиоводители и побарала тие да ја платат нејзината хипотека. Двајцата водители на австралиска радио станицата, Мел Грејг и Мајкл Кристиан на почетокот од ланскиот декември телефонски се јавија во лондонската болница „Едвард VII” каде што беше хоспитализирана војвотката од Кембриџ  во рана бременост.

кејт1

 

Тие се претставиле како како кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета Втора и принцот од Велс, односно принцот Чарлс, и се интересирале за здравствената состојба на Кетрин Кејт Мидлтон, која била хоспитализирана поради труење со храна. Вработената во болницата Џакинта Салдана го префрлила повикот на одделот на кој лежела војвотката, каде дежурната медицинската сестра раскажала за нејзината здравствена состојба. Два дена подоцна, Салдана беше пронајдена обесена во нејзиниот апартман при болницата, а водителите беа суспендирани од програмата.

Во своерачно проштално писмо адресирано до администрацијата на болницата, таа напишала: „Ве молам, простете ми. Јас навистина многу жалам. Ви благодарам за поддршката. За ваквата постапка ги обвинувам  водителите на австралиското радио Грејг и  Кристијан. Ве молам, натерајте ги да ја отплатат мојата хипотека. Простете ми. Џакинта.”

 

На почетокот од февруари, британскиот суд соопшти дека нема да поднесе обвиненија за убиство без предумисла за двајцата австралиски радио водители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top