„… Црвена Звезда е шампион на Европа, Црвена Звезда е победник на Купот на европските шампиони, најголем успех во југословенскиот клупски фудбал, Дарко, Дарко, Даркооо, златната копачка на Црвена Звезда денес го позлати нашиот црвено-бел тим! Каква радост на стадионот Свети Никола! Каква радост меѓу 15-те, 20-те илјади Делии…“
Скоро да нема навивач на Црвена Звезда кој не го знае на памет овој епски коментар од легендарниот коментатор Милојко Пантиќ по победничкиот гол од пенал на Дарко Панчев во финалето од Купот на европските шампиони (денешна Лига на Шампиони) против Олимпик Марсеј во италијанскиот град Бари. Ќе се навратиме 25 години со мало потсетување на најголемиот успех на еден фудбалски клуб од Балканот на евросцената.
Помина точно четвртина век од тој 29. мај 1991 година, кога една феноменална генерација на Звездини фудбалери, предводени од тренерот Љупко Петровиќ, се искачија на врвот на Европа.
До финалето со Марсеј, Звезда во двомечевите со ред ги елиминираше швајцарскиот Грасхоперс, па Глазгов Ренџерс, Динамо Дрезден и големиот Баерн Минхен.
„Црвено-белите“ играа офанзивен и многу отворен фудбал, но во финалето со одлуката на тренерот Петровиќ се определија за нетипична дефанзивна тактика. Стартните единаесетмина беа: Стојановиќ, Југовиќ, Маровиќ, Шабанаџовиќ, Бјелодедиќ, Најдоски, Просинечки, Михајловиќ, Панчев, Савичевиќ и Биниќ.
По 120 минути игра немаше голови и победникот мораше да се реши со пенал серија.
Од белата точка прецизни за Звазда беа Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Бјелодедиќ, Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев.
Голманот Стеван Стојановиќ го одбрани ударот на Мануел Аморосо уште во првата серија, што се покажа како клучен момент, заедно секако со последниот погодок, решавачкиот, на нашиот Дарко Панчев за конечни 5-3 и освојување на шампионската титула.
За Олимпик Марсеј тогаш настапуваше поранешниот капитен на Звезда, Драган Стојковиќ, а во фудбалските кругови сеуште кружи приказната дека Пикси одбил да шутира пенал против „својот“ клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)