| четврток, 6 декември 2018 |

Симеоне: Никој не се сеќава на вицешампионот

diego-simeone

Атлетико Мадрид втор пат во последните три години е поразен во финалето од Лигата на Шампионите од градскиот ривал Реал Мадрид.

„Не знам кој пораз боли повеќе. Се чуствувам одговорен затоа што не им го донесов на навивачите тоа што го посакуваа. Никој не се сеќава на вицешампионот“, изјави тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

Пред две години Атлетико загуби во финалето на ЛШ во Лисабон од Реал со 4-1 по едно продолжение, а вчера беше совладан од „кралскиот клуб“ по изведување на пенали (5-3), откако резултатот во регуларниот дел беше 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top