Пјер Емерик Обамејанг е еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата, а многумина сметаат дека е редно време за нов исчекор во неговата кариера.
Во Дортмунд многу тешко дека ќе освојува титули во наредните сезони покрај извонредниот Баерн Минхен, но ни тоа не мора да значи дека дефинитивно ќе го напушти сегашниот клуб.
Сепак, селекторот на Габон, репрезентацијата за која игра, изјави дека Обамејанг преминува во нов клуб летово.
„Обамејанг менува клуб“, изјави Хорхе Кошта.
„Тој побара од мене да не биде во репрезентативниот состав, бидејќи моментално е во процедура на промена на клуб“, истакна селекторот на Габон.
Сите шпански медиуми пишуваат дека станува збор за Реал Мадрид.
„Пред да почине дедо ми, му ветив дека еден ден ќе играм за Реал Мадрид“, рече Обамејанг во една прилика сезонава.
Нормално, тоа не мора да значи дека дефинитивно ќе потпише летово за Реал Мадрид, бидејќи има голем интерес за него и од Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Значи, до сега ако за Обамејанг се водеа тајни преговори, сега цел свет знае дека тие постојат. Во кој клуб ќе заврши 26-годишниот напаѓач останува да видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани
-
„Милионерите“ имаат нов десен бек: Џереми Тојлан нов фудбалер на Дортмунд