| четврток, 6 декември 2018 |

Томпсон обезбеди мајсторка, Оклахома ја пропушти предноста на домашен терен (видео)

klay-thompson-3point-shoot-durant2

Актуелниот шампион го возврати ударот во моменти кога беа на тенок мраз пред елиминација. Вориорс излез од кризата најдоа преку Клеј Томпсон кој синоќа го одигра можеби и најдобриот натпревар во својата кариера и им обезбеди на Голден Стејт „мајсторка“ на домашен терен.

Вориорс успеаа да го вратат брејкот и да ја израмнат серијата на 3-3 по синоќешната победа во Оклахома со 108-101. Ќе гледаме мајсторка на Западот, а сега работите се сменија, Голден Стејт ја врати фаворитската улога за пласман во големото финале.

Клеј Томпсон постигна 11 тројки, а вкупно 41 поен. Стеф Кари после скромниот старт, сепак стигна до 31 поен, беше близу до трипл-дабл, но сепак Томпсон е херојот на натпреварот.

klay-thompson-3point-shoot-stat

Клеј во последната четвртина постигна 19 поени и направи резултатски пресврт за величенствена победа. Во првите три четвртини Оклахома го имаше водството, а на стартот од последната Голден Стејт губеа и со 8 поени разлика. Проработе шутот, тоа беше клучно, гостите постигнаа 21 тројка од 44 обиди, а Тандер само 3 од 23 обиди.

Кевин Дурант постигна 29 поени, Расел Вестбрук еден помалку, но кога ќе се погледне пошироката статистика, двете ѕвезди на Оклахома потрошиле 55 топки, а погодиле 20 пати. Тоа не е доволно за еден ваков натпревар.

Натпреварот потсетуваше на оној од регуларниот дел од сезоната во Оклахома, само тогаш Кари наместо Томпсон беше во главната улога, постигна 46 поени и го израмни НБА рекордот по бројот на постигнати тројки во еден меч, ги постигна 12.

Синоќа Томпсон постигна една помалку, но ова беше многу поважен меч.

На крајот молк во салата, златната шанса ја пропуштија Оклахома, но секако уште не е ништо готово. Тандер патува во Калифорнија, во седмиот натпревар ќе падне конечната одлука, но ќе им треба уште еден подвиг по втор пат во оваа серија да ги добијат Вориорс во Оукленд.

Оклахома – Голден Стејт 101-108 (3-3)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top